Најинтересните крстарења по река!

29 август, 20110
Најинтересните крстарења по река!

Сите реки течат кон морето, но некои од нив, поради прекрасните крајбрежја, брзаци или величенствени водопади се сепак повпечатливи од другите. Еве ги петте реки кои се најинтересни за пловење.

Кано Кристалс (Caño Cristales)

 

Реката Кано Кристалс, на северниот дел од Колумбија ја опишуваат како река која извира од рајот. За многумина, таа е најубавата река на светот бидејќи нејзиното корито е исполнето со разнобојни алги. Боите се прелеваат во нијански на црвено, жолто, сино, зелено или црно, а над нив тече кристално чиста вода. Но овој призор можете да го доживеете само во текот на летниот период, бидејќи топлото време и сонцето го поттикнуваат растот и цветањето на разнобојните алги. Оваа река се протега во должина околу 100 километри, а нејзината ширина не изнесува повеќе од 20 метри. Пристапот до неа е доста отежнат, што е всушност и главната причина поради која оваа река има чиста вода.

 

 

Рио Футалеуфу (Rio Futaleufu)

 

Низ Чилеанското гратче Футалеуфу тече истоимената река. Таа извира од глечерите па затоа е многу ладна и бистра. Тече низ Чиле и Аргентина и е најпосакувана река од страна на кајакарите. Текот на реката ќе ве однесе низ густи и бујни шуми и прекрасни долини од Андите па се до Патагонија.

 

Замбези

 

Оваа река е долга 2.700 километри и тече низ 6 афрички земји, за на крај да се влее во Индискиот Океан. Иако се работи за четврта по големина река во Африка, таа ги има најголемите водопади на светот прогласени за едно од седумте светски чуда на природата – Викторините водопади (Mosi-ОА-Tunja – чад кој грми)Секоја година, овие водопади чија највисока точка достигнува 108 метри, ги посетуваат околу милион луѓе. Голем број на посетители доаѓаат и до самиот раб на водопадите за да пливаат во природно издлабениот „ѓаволски базен“.

 

Јангце (Yangtze)

 

Кинеската река Јангце е една од најпознатите реки во светот и е најдолга река во Азија. Пловејќи по неа, посетителите имаат можност да се запознаат со разновидната кинеска култура. Иако големиот број на крузери пловат по неа само по 7 дена, сепак можат да ве однесат до некои од наинтересните рурални предели на оваа земја. За десетина години откако изградбата на големите брани, целиот нејзин тек ќе се промени.

 

Дунав

 

Пловењето низ Европа започнува во Германија, а завршува во Црното Море во Романија. Дунав не е ниту син, ниту чист, но во текот на патувањето ќе видите многу стари замоци, градови, историски места и богат животински свет при самата дета.

 

Сакате да пловите низ Дунав или пак ќе се одлучите на некое подолго патување, од вас зависи. Во секој случај, нема да погрешите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi