Дистриктот Линзи во провинцијата Шандонг во Кина се смета за родното место на фудбалот. Како симболика за ова тврдење, локалните власти организираа настан на кој 1377 ученици и фанови на фудбалот се собраа да жонглираат, со што влегоа во Гинисовата книга на рекорди како најмногу луѓе кои жонглирале во исто време.
На даден знак, сите учесници започнале да жонглираат во исто време, некои со глава а некои со нозе. Всушност, им било дозволено да ја удрат топката со секој дел од телото, освен со рацете. За да бидат вброени како официјални жонглери, сите учесници морале да жонглираат минимум 10 секунди.
Дипломата за Гинисови рекордери ги израдувала сите посетители на настанот, а особено учесниците кои тренирале неколку месеци за да се усовршат во жонглирањето.