Најнеобичните хотели во светот :)

19 октомври, 20110
5

Сите знаеме и сме виделе како изгледаат типичните хотели, она по што ги разликуваме еден од друг е само бројот на ѕвездичките, помалку или повеќе. Ако сакате едно необично искуство и вашиот одмор да биде од почеток до крај исполнет со забава, возбуда и опуштеност тогаш погледнете ги овие необични  “хотел” дестинации кои сами по себе представуваат авантура.

Хотелот “Големата жирафа” ( Најроби, Кенија )

Овие жирафи се преселиле на имотот после загубата на нивното природно живеалиште и поради тоа гостите на овој уникатен хотел имаат можност да ги галат и хранат жирафите кои буквално доаѓаат на вашиот прозорец.

Хотелот “Библиотека” ( Менхетн, Њујорк )

За љубителите на книги и читање, ова е идеалното место за вас. Библиотеката е поставена во согласност со децималниот систем на класификација и ги содржи речиси сите жанрови, уметност, религија, филозофија, математика и многу други.

Хотелот “Karostas Cietums” ( Лепаја, Латвија )

Во минатото местово било руски затвор, а и денес е речиси истиот. Вашиот престој вклучува врзување со лисици и водење до вашата затворска ќелија, лишена од вашите лични предмети. Собите изгледаат речиси идентично како оние по затворите.

Хотелот “Utter Inn” ( Езерото Маларен, Шведска )

Ова е уметнички проект, изгледа како црвена барака заглавена во средината на езерото. Спалните соби се наоѓаат 3 метри под површината на езерото. Прозорците служат за гледање на рибите што пливаат наоколу.

“Пропелер Сити Ложа” ( Берлин, Германија )

Во овој чуден хотел, секоја соба има различна тема. За оние со вамп тенденции, тие исто така нудат соба со ковчези како легла.

 

Хотелот “De Glase” ( Квебек, Канада )

Секој декември уметниците одново ја започнуваат изградбата на овој уникатен хотел. Отворен е од 7 јануари до 27 март секоја година. Неговата изградба бара 400 тони мраз и 12 000 тони снег и секоја наредна година хотелот се редизајнира. Се што гледате во овој хотел е направено од мраз.

“Das Park Hotel” ( Австрија )

Сите сме виделе големи бетонски цевки кои чекаат да се инсталираат во текот на градежните работи, но сега Дас Парк ви нуди можност да останете во една од овие цевки. Хотелот работи од мај до октомври, кога временските услови го дозволуваат тоа. Што мислите, вреди ли да платите за ова?

Хотелот “V8” ( Баден-Виртемберг, Германија )

Основна тема при уредувањето на овој хотел се автомобили и автопатишта.

Хотелот “Капсула” ( Хаг, Холандија )

Овој хотел представува светло портокалови складови за нафта и пловат на вода.

Хотелот “Hang Nga” ( Виетнам )

Локалното население го нарекува хотелов “Луда куќа”. Представува неконвенционална архитектура и изгледа како да се наоѓате во светот на бајките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi