Најнеобичните плажи во светот

28 октомври, 20110
plazi

Секој од нас мечтае да отиде на одмор во некое рајско катче по светот…Знаете ли дека природата создала уникатни плажи, чиј што песок е далеку поразличен од традиционалниот жолт песок?

Да го земеме за пример еден од Хавајските острови, кој е познат благодарение на темноцрвената боја на плажата. На јужниот брег на островот Мауи се наоѓа изгаснатиот вулкан Кауки и имено тој е виновникот за овој феномен…

Хавајските острови можат да се пофалат со плажи не само во црвена боја туку и зелени плажи. Papakolea Beach ја добива ваквата боја благодарение на кристалите од вулканските карпи .

А за да ја видите најцрната плажа во светот треба да посетите друг Хавајски остров – Big Island. Почвата на плажата е смеса од базалт и лава.

Сега да се преместиме во Австралија и на раскошната снежно бела плажа Hyams Beach. Брегот е покриен со најбелиот песок во светот ( официално потврдено ), кој покрај тоа е и  толку ситен што го споредуваат со брашно…

И можеби највпечатлива од сите плажи е калифорниската Pfeiffer Beach, која со право може да се нарече најколоритната плажа во светот. Плажата содржи големо количество кристали од црвен гранит. Боите постојано се менуваат и песокот на плажата се прелива во неверојатни нијанси на розово и лилаво.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi