Најопасните професии на светот!

5 август, 20110
Most_Dangerous_Job

Можеби канцелариската работа ви изгледа досадно и копнеете за нова повозбудлива професија?! Размислете подобро, бидејќи илјадници луѓе секојдневно го ризикуваат нивниот живот на своето работно место.
ВУЛКАНОЛОГ
Многу луѓе живеат во области на активни вулкани и зависат многу од предвидувањата на експертите. Вулканолозите редовно го пратат чадот и движењето на магмата за да можат да предвидат евентуални ерупции. Затоа, тие мораат често со хеликоптер да летаат точно над кратерите од активните вулкани.
ИНДУСТРИСКИ АЛПИНИСТ
Некој мора да се грижи за бројните далноводни столбови и предаватели. Оваа работа не е за оние кои се плашат од висина, а професионалците поради подобра фукнционалност при качување не користат ниту безбедносна опрема. Нивните задачи ги вршат на неверојатно големи височини и ветер, иако и најверојатно најтешкиот дел е самото качување, кое бара голема концентрација и физичка сила.
ВИРОЛОГ
Секојдневно се во контакт со опасни и заразни супстанци. Секоја грешка може да заврши фатално, па затоа на работното место мораат секогаш да бидат целосно сконцентрирани и мирни.  Особено се опасни експериментите со супстанците од смртоносните болести како што е “шпанскиот грип”.
ПЛАНИНСКИ СПАСУВАЧ
Професионалците за спасување во планински предели, пештери и на други недостапни места, самите се доведуваат во опасност за да помогнат на другите. Работата мораат да ја вршат во невозможни услови за која треба голема издржливост и стручност.
ЧИСТАЧ НА ПРОЗОРЦИ
Чистењето на прозорци и не е така возбудливо, но доколку се случува на неколку метри надморска височина адреналинот е неизбежен. Постојат голем број на несреќи, а последната се случила во 2007 година на Менхетен. Безбедносната опрема затаила на 47-от спрат (144 метри)  од еден облакодер, едно лице загинало на самото место, а другото се здобило со тешки повреди.
РУДАР
Судбината на чилеанските рудари ја знае целиот свет. Иако доживеаа сериозна несреќа која се одразува на нивната ментална состојба, историјата бележи уште посериозни случаи. Во Украина, на истиот начин, имаат загинато повеќе од 100 луѓе. Секој рудар, при секое спуштање, е свесен дека постои можност никогаш повеќе да не ја види светлината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit