Многу светски ѕвезди со години се бореа со алкохолот и дрогата. Некои ја изгубија војната, а некои со помош од нивните семејства и цврстата волја се вратија на прав пат. Ејми Вајнхаус почина на 27 години, а Дру Баримор, Робин Вилијамс и други познати личности сепак успеаа да се излечат.
Анџелина Џоли – атрактивната актерка во интервју од 1998 година, признала дека консумирала кокаин, хероин, екстази и лсд. По лечењето, актерката со години тврдела дека е чиста, но во јануари оваа година таа повторно заврши на рехабилитација. Но, се испотави дека прилината за тоа било исцрпеноста од снимањето на филмот „Турист“.
Дру Баримор – симпатичната актерка многу рано почнала да користи опијати, веќе на единаесет години пиела алкохол, а на тринаесет пробала дрога. По повеќе посети во рехабилитациони центри, таа успеа да ги остави пороците зад себе.
Робер Дауни Џуниор – марихуана пробал на шест години, а на 22 веќе имал сериозни проблем со зависноста, поради дрога тој и неколку пати бил во затвор. Од 2002 година овој актер е чист.
Даниел Ретклиф – ѕвездата на филмовите за Хари ПОтер, неодамна призна дека имал проблеми со алкхолот, поради што се пријавил на лечење.
Бритни Спирс – оваа популарна пејачка неколкуј пати се пријавуваше во центрите за рехабилитација, а по враќањето од клиниката „Promises” престанала со сите лоши навики.
Лили Ален – британската пејачка пред да го запознае сопругот Сем Купер, беше алкохличарка, па храната често ја заменуваше со вино и пиво. Но, сега веќе неколку години е трезна.
Робин Вилијамс – тешко е да се поверува дека овој актер некогаш бил зависник од дрога. На почетокот на кариерата консумирал кокаин, а експериментирал и со други наркотици. По смртта на Џон Белуши кој почина од кокаин и хероин, актерот се освестил и заминал на лечење. Денеска е излечен.
И овие ѕвезди рекоа „ДА“ за рехабилитацијата: Дејвид Хаселдорф кој се лечел од алкохол, пејачот на бендот „Металика“ пред десет години бил на лечење од дрога и алкохол.