Семејството Арнолд од Франкфорд влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголемото семејство кое се натпреварува во Покемон видео игри на светот.
Таткото Глен, мајката Линда, синовите Рајан и Дејвид и ќерката Грејс го сочинуваат најбројното семејство кое е страстен фан на Покемон. Тие групно патуваат и се натпреваруваат на сите досегашни светски шампионати во Покемон Видео Игри од 2008 година, а досега нивниот најдобар ранг е во топ 10.
Семејството Арнолд вели дека играњето Покемон игри е нивна страст, и дека планираат да продолжат со својата пасија барем дури не освојат прво место на некое натпреварување.