Најскапиот фотоапарат на светот

29 мај, 20110
leica-0-serie

Фотоапаратот “Leica” од 1923 година, продаден на аукција во Виена за рекордни 1.320.000 евра, со што на изненадување на стручњаците, стана најскапиот фотоапарат на светот. Претходната  рекордна сума исплатена за фотоапарат изнесува 732.000 евра.

Вредноста на овој “Leica” пред аукцијата била проценета на 350 до 450.000 евра. Новиот сопственик е анонимен колекционер од Азија, објавува престижната виенска галерија Vestliht која ја организирала оваа продажба.

Овој фотоапарат бил еден од серијата 25 прототипови направени 1923 година, две години пред истата позната германска компанија да почне комерцијално да ги произведува. Фотоапаратот кој беше продаден на аукцијата бил пратен во Њујорк за патентирање и на тој начин стана првиот извезен “Leica”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi