Најскапиот шал на светот, продаден за 33,3 милиони евра

popara29 јуни, 20111min00
news_5048

Анонимен купец бил спремен да плати 33,3 милиони евра за шал кој го дизајнирал големиот француски сликар Анри Матис. Најскапиот шал на светот е продаден на аукција во Лондон.

Скапоцениот шал наречен “Океанија” е поголем од традиционалните марами (165 cm x 380cm) и направен е така што може да биде брамен и монтиран на ѕид како украс. Тој е само дел од колекцијата на Матис во 1945 година, дизајнирана за познатиот бренд на модни додатоци “Aшер”. Инспирацијата за мотивите на скапоцениот шал лидерот на експресионизмот ги сретнал за време на своето патување на Тахити.

Матис не е единствен голем сликар кој дизајнирал за овој бренд. Повеке од педесет француски и англиски уметници отсликале платна за “Ашер“. Основачот на компанијата Жика Ашер, бил доволно храбар, па по основањето на фирмата контактира со Пикасо, Дераин и Матис, повикувајќи ги во кафуле во кое најчесто седеле и им понудил соработка.

Компанијата некогаш била многу успешна и од 1946 година со печатени материјали ги снабдувала Dior, Lavin и Iv Sen Loren за најновите колкции од високата мода.

Сем внукот на Ашер повторно го започнал бизнисот минатата година во Њујорк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma