Најскапите дијаманти во светот :) Ставете наочари :)

19 октомври, 20110
diamanti

Оваа колекција  дијаманти која ќе ви ја презентираме се состои од најскапите и единствени  примероци со огромна  и непроценлива вредност. Самиот врв во светот на дијамантите.

“ Allnatt”

Овој прекрасен примерок е со фенси и живописна жолта боја и со големина од 101,29 карати односно 20,2258 гр. Неговата вредност е 3$ милиони. Не се знае каде точно е пронајден, но сепак некои експерти велат дека потекнува од рудникот за дијаманти “De Beers”

“Moussaieff” – Црвениот дијамант

Овој примерок е со триаголна форма, 5,11 карати и прекрасна црвена боја. Иако не е еден од најголемите дијаманти во светот, неговата вредност е висока поради фактот што ова е најголемиот дијамант со ваква боја. Ова парче изнесува 7$ милиони.

“Heart of Eternity” – Срцето на вечноста

Ова е еден од многу ретките обоени дијаманти со сина боја. Потекнува од Јужна Африка, изнесува 27,64 карати и неговата вредност е проценета на 16$ милиони.

“Wittelsbach”

Син дијамант со големина од 40 мм во дијаметар и 35,36 карати. Овој дијамант бил дел од австријската и баварската круна и поради неговата боја и чистота е споредуван со неверојатниот  “Hope” дијамант кој ќе го видите подолу во класацијата. Неговата вредност е 16, 4$ милиони.

“Steinmetz Pink”

Ова е најголемиот дијамант во светот со ваква специфична розе боја. Изнесува 59,60 карати и 25$ милиони.

“De Beers Centenary”

Овој дијамант припаѓа на “Д” нивото, кое претставува највисок степен кога станува збор за квалитетот на дијамантот. Овие дијаманти на Д нивото и внатрешно и надворешно треба да бидат безпрекорни, токму каков што е овој уникатен примерок. Изнесува 273,85 карати и неговата вредност изнесува 100$ милиони.

“Hope”

Дијамантот е со големина 45,52 карати и се наоѓа во “Природнонаучниот музеј” во Вашингтон. Со голо око неговата боја е сина, меѓутоа  под дејство на ултравиолетова светлина неговата боја е црвена. Изнесува 350$ милиони.

 

“The Cullinan”

Дијамантот е со неверојатната димензија од 3,106 карати односно 621 грама и неверојатната вредност од 400$ милиони.

“Sancy”

Sancy е е на второ место во светот, дијамант со непроценлива вредност. Изнесува 55,23 карати со бледо жолтеникава боја. Се верува дека потекнува од Индија. Овој историски примерок е дел од колекцијата  “French Crown Jewel” сместен во Лувр.

“Koh-I-Noor”

Во превод неговото име значи “Планина од светлина”. Заедно со “Sancy” дијамантот припаѓа на групата дијаманти со непроценлива вредност. Потекнува исто така од Индија. Бил во сопственост на различни владетели во минатото. Денеска е во сопственост на британската круна и се наоѓа во ХМ Кулата на Лондон и секако е популарна туристичка атракција.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi