Познато е дека сите луѓе не стареат на ист начин, некои едноставно имаат повеќе среќа да стареат подобро од другите, а претежно тоа се луѓе кои редовно ја одржувале својата физичка кондиција.
Една од таквие е французинката Елен Салвет, прабаба која за неколку дена ќе наполни 90 години, но тоа не ја спречува и понатаму да учествува на тениските турнири низ светот.
Таа особено не го пропушта светското првенство во тенис за луѓе над 80 години, кој се одржува секоја година и на кој Елен е најстар натпреварувач.
“Ја сакам атмосферата на турнирот. Сакам да се натпреварувам. Неможам да престанам, тоа е мојата страст“, изјавила тенисерката која редовно тренира, два пати неделно по три часа на ден.
“Не ми е важно на каков терен играм, иако најмногу играм на глина. Можам секаде да играм, се додека нозете ме држат“, изјавила неодамна.
“Не пијам никакви лекарства. Скоро никогаш да не сум била болна. Мојот татко беше лекар и добро ме чуваше кога бев мала“, бил нејзиниот одговор, на прашањето со што ја објаснува извонредната виталност.