Најстариот автомобил на светот кој се уште може да се вози, а ја користи водената пара како гориво, е ставен на продажба.
Имено, De Dion Bouton Et Trepardoux 1884 е произведен пред точно 127 години, во далечната 1881 година од страна на грофот De Dion. Овој автомобил е 12 години постар од првиот автомобил кој го напрвил Хенри Форд. Долг е 2,74 метри, тежок 952 килограми, а максималната брзина му е 38 милји на саат.
De Dion како гориво може да користи хартија, дрво или јаглен. Неговиот резервоар е со капацитет од 40 литра вода кои се доволни да се пројдат 20 милји пред повторно да се наполни со вода.
Се очекува најстариот автомобил да биде изложен на аукција на 7 октомври оваа година и да достигне цена од неверојатно 2,500,000 долари.