Forrest Lunsway и Rose Pollard станаа најстарите младенци во светот кога се венчаа на стотиот роденден на Forrest. Оваа необична љубовна приказна започнала пред 30 години, кога Forrest ја запросил Rose. Таа се согласила под услов да се венчаат на неговиот стоти роденден.
Очигледно дека судбината им била наклонета на овие причично витални старци, бидејќи жебата на Rose се исполнила. Па така на 19 март на роденденот на младоженецот тие стапиле во брак по 30 годишна врска. Rose која има 91 година, изјавила дека тајната во секоја успешна врска е трпението и повремено искажување на љубов на партнерот, пренесува The Daily.