Најубавиот масонски храм

6 септември, 20110
masonski hram naslovna

Масонскиот храм во Филаделфија – храм на сите светски архитектонски стилови

Масонскиот храм во Филаделфија е едно од најубавите архитектски богатства на оваа држава. Историјата за овој храм започнува во 1867 година, кога масоните од Филаделфија ја препознале потребата за место каде ќе ги одржуваат нивните состаноци. Тие дури организирале натпревар за избор на најдобар архитект,при што изборот паднал на архитектот Џејмс Виндрим. Зградата требала да претставува комбинација на голем број архитектонски стилови вклучувајќи Египетски стил, Италијански, Германски, Шкотски, Англиски и Француски. Кога изградбата била завршена, зградата станала позната во целиот свет како најценетото богатство за Филаделфија прикажувајќи најразлични стилови преку уникатните елементи од кои се состоела нејзината градба.

Надворешниот дел од зградата е направен од камен во нормански стил, а од страната која гледа кон улиците Juniper и Cuthbert е покриена со гранит донесен од Мејн. Главната фасада е покриена со syenite, материјал сличен на гранит. Масоните се познати по нивната склоност кон перфекција, непобитен факт за кој сведочи и оваа импозантна градба. Највисоката точка на храмот е огромната 76 метарска кула, а темелите се спуштаат дури 9,5 метри под земјата.

Ентериерот на храмот е дизајниран во седум архитектонски стилови и тоа: Јонски, ориентален, Коринтски, Египетски, Нормански, Готски и Ренесансен. Храмот има седум сали каде се случуваат важни средби, кои се украсени со прекрасен мебел и ѕидни слики. Секоја сала е украсена со украсни тавани кои се направени во согласност со секој архитектонски стил. Најспектакуларната сала е онаа во египетски стил инспириран од храмовите на Луксор во Египет, украсен со хиероглифи.

Масонскиот храмот има трпезариски соби, библиотека и музеј со Масонски артефакти. Храмот вклучува и продавница за подароци во која може да се најдат најразличен Масонски накит, книги или мали подароци. Ова мирно место привлекува илјадници посетители и е отворено преку целата година за оние кои се заинтересирани да дознаат повеќе за минатото и начинот на живот на масоните. Ќе бидете фасцинирани од пријатната атмосфера и неповторливи архитектонски детали кои владеат во храмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *