Највисоката чоколадна фонтана во светот
24 август, 20110
![cokolado](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/08/cokolado.jpg)
Љубителите на чоколадото дефинитивно ќе останат без здив од чоколадната фонтана која се наоѓа во хотелот Белаџио, Лас Вегас. Оваа чоколадна фонтана, која е гинисов рекордер, е висока цели 8 метри и циркулира неверојатни 2 тони чоколадо во секое време. Фонтаната, која има 27 нивоа низ кои тече бело, млечно и црно чоколадо, е изработена од нерѓосувачки челик. Таа е дел од ресторанот Jean Philippe Patisserie, кој му припаѓа на познатиот француски готвач Жан Филип. Огромно браво за овој мајстор, кој успеал да го реализира сонот на секој „чокохолик“.