Најзначајниот Масонски храм во Вашингтон

13 октомври, 20110
FS_freemasons_houseofthetemple

Куќата на храмот (1733 16та улица Северозападно)

Овој Масонски храм претставува центар на Античкиoт и Широкоприфатениот Шкотски Ритуал на Масонството, наречен Главно Собрание, 33-от степен, Јужна јурисдикција.

Храмот беше дизајниран од страна на не-Масон, John Russell Pope, архитектот кој го дизајнираше Меморијалниот центар Џеферсон и главната зграда на Националната галерија на уметност. Тој беше инспириран од Мавзолејот во Халикарнас, едно од седумте чуда на античкиот свет. Архитектот и Масон Elliott Woods, кој го дизајнираше Капитол, му додаде на дизајнот на храмот “Масонски допира“.

Камен-темелник беше поставен на 18 октомври 1911 година, а на церемонијата присуствуваа стотици Масон. Храмот беше завршен во 1915 година.

На зградата видливо се прикажани 13 пирамиди, слични на пирамидата на задната страна на Големиот Печат на Соединетите Американски Држави и на банкнотата од 1 $. Скалите водат до мавзолејот, а на почетокот се поставени две големи мермерни сфинги извајаниот од Alexander Weinman. На едната сфинга очите и се полузатворени и претставува симбол на мудроста. Другата сфинга има отворени очи и претставува симбол на моќта.

Бројот 33 е многу важен за Масоните. Постојат различни степени кои што еден Масон може да ги здобие, а најголемиот е 33-от. Околу зградата има 33 столбови и секој од нив е 33 метри висок. Адресата на зградата, исто така го содржи бројот 33.

Внатре во трикатната зграда има библиотека која содржи илјадници книги и Масонски артефакти. Исто така постои и банкет сала, канцеларии на неколку Масонски функционери, храм, голем број на експонати и посмртни остатоци на истакнатиот Масон Albert Pike.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi