Наместо да и’ плати за сексуална услуга, ја истепал

2 мај, 20110
MVR
Непознато лице наместо да и’ плати на скопјанка за сексуална услуга, физички ја нападнал, удирајќи ја со клоци и тупаници, по што и земал 1,500 денари, а потоа ја избркал да си оди, соопшти полицијата.
Рано утрово, околу 02 часот, С.А. (29) од Скопје, пријавила во полициската станица Центар дека истиот ден околу полноќ на улица “50-та Дивизија“, поточно во една од подрумските простории, непознат сторител и извршил разбојништво, при што и одзел 1.500 денари.
Разбојништвото, сторителот го извршил на тој начин што откако скопјанката била повикана со такси возило да дојде на наведената адреса, за да задоволи непознато лице со сексуална услуга за која се договориле да и’ ја исплати горенаведената сума, истиот побарал сексуална услуга  и за друго лице.
Во моментот кога С.А. побарала од второто лице да и’ плати, наместо да и’ даде пари, физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и клоци по телото и главата, по што со сила и ги зел парите кои и биле дадени од претходното лице, а потоа ја избркал да си оди.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit