Нападнати амбасадите на САД и Франција во Сирија

popara12 јули, 20111min00
539w
Провладини демонстранти, вчеравечер, ги нападнале амбасадите на САД и Франција во Дамаск, како и резиденциите на американскиот и на френцускиот амбасадор, објавија светските новински агенции, пренесува Нетрпес.
Резиденцијата на американскиот амбасадор, Роберт Форд, се наоѓа надвор од комплексот на амбасадата. Објектот бил нападнат откако приврзаници на сирискиот претседател Башар Асад го нападнале дипломатското претставништво. Во инцидентот не настрадал никој, но биле причинети материјални штети. За време на немилиот настан, амбасадорот Форд бил во комплексот. Демонстрантите фрлале со камења и искршиле неколку прозорци. Тие го поставиле сириското знаме во објектот и испишале антиамерикански пароли.
Морнарички командоси на американската армија, кои ја обезбедувале амбасадата, успеале да ги разбијат демонстрантите. Вработен во амбасадата на САД изјавил дека реакцијата на сириските власти за спречување на инцидентот била “бавна и незадоволителна“.
Во истовреме, била нападната и француската амбасада, но обезбедувањето пукало со огнено оружје во воздух за да ги растера демонстрантите, кои се обиделе да влезат во објектот. Според очевидец, повредени биле тројца демонстранти. Тие биле тепани од припадници на обезбедувањето. Толпата не се разотишла туку инцидентите продолжиле, а сириските власти не направили ништо за да го спречат немилиот настан, редол Бернар валеро, портпарол на француското министерство за надворешни работи. Во немирите повредени биле и тројца припадници од обезбедувањето на амбасадата на Франција.
Исто така, нападната била и резиденцијата на францускиот амбасадор, Ерик Шевалие.
САД и Франција објавија дека ќе изразат протест против Сирија за нападите, и ги обвинија сириските власти дека не ги исполниле своите задолженија за да ги заштитат дипломатите. Нападите се случиле три дена откако амбасадорите на двете земји го посетија градот Хама, кој се смета за упориште на антивладините демонстрации во Сирија. Овој потег на дипломатите на САД и на Франција во светото беше оценет како поддршка за демонстрантите кои протестираат против режимот на сирискиот претседател Асад.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag