Направете домашен пилинг од кафеав шеќер! Одличен е!

popara21 декември, 20111min00
1

Понекогаш колку и скапа козметика да купуваме, кожата не ни реагира баш најдобро – се појавува црвенило, осип, се суши или едноставно не се чувствуваме комфорно.

Од друга страна длабинското чистење на кожата е многу важно и што треба да правиме во вакви ситуации?  Најлесниот начин, за да не ја измачуваме кожата е да успееме да најдеме добар екфолиант за лице кој нема да ја иритира кожата, или пак сами да си направиме дома.

За домашниот ексфолиант ќе ви биде потребно кафеав шеќер, бадемово или кокосово масло на што можете да додадете лаванда или ванила за арома. Уверете се дека се што ќе употребите за смесате ќе биде од органско потекло. Исто така може кон ова да додадете и природен мед зошто тој ги стега порите и има антиоксидантен ефект.  Се разира не треба да се заборави дека смесата треба да се чува во фрижидер и во добро затворен сад. Се препорачува еднаш неделно употреба на било каков ексфолиант за лице, бидејќи честата употреба ја иритира кожата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag