Албанскиот бизнисмен Чазим Османи, нарекуван Феликс, за кого медиумите тврдат дека е новото момче на Наташа Беквалац, е близок пријател на нејзиниот поранешен дечко Лола Лакович!
Наводоно, Лакович нема ништо против близината на Наташа со Османи.
-Лола и Наташа својата врска одaмна ја завршија и нему воопшто не му е жал што таа сега е има некаков однос со неговиот пријател, вели близок извор.
Беквалац своевремено, поради Лола побегнала од дома. Живеела во неговата куќа во Подгорица, а наводно и сакала да се омажи за него. Меѓутоа оваа приказна ја завржил нејзиниот татко , познатиот фудбалски тренер Драгољуб Беквалац, кој заминал за Црна Гора и успеал да ја убеди да се врати дома.
Инаку, Лола за пошироката јавност е познат по улогата во спотот за песната “Лична карта” од Аца Лукас а пред неколку години бил и сопственик на клубот “Мајами” во Будва.