Оваа песна настана во автомобилот додека се возев од Белград до Нови Сад. Тоа беше моментот кога помислив дека ќе умрам од љубов. Му ја посветив на Данило, изјавила Наташа, и додала дека нејзиниот сопруг ја замолил да не кажува никому дека песната е посветена нему.
– Му реков на Данило дека му ја посветив песната “Јас сум добро”, но бидејќи тој не ги слуша “тие” работи и ваков вид на музика, едноставно не бил многу заинтересиран. Данило ме замоли да не кажувам никому дека песната е посветена нему, но се разбира јас им раскажав на сите, со насмевка на лицето изјавила убавата пејачка.
– Не сум ја слушнал песната и навистина не ме интерерсира што прави Наташа. Јас не сум од таа приказна. Јас си живеам мој живот, Наташа нека си живее свој. Мојата работа е кафеана, и тоа е единственото нешто што ме интересира во моментов, изјавил Данило за “Прес”.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=qdwq6mld4ko