НАТО продолжува со бомбардирањето на Триполи

popara27 мај, 20111min00
412366-11-05-10-tripoli
Воените авиони на НАТО синоќа го бомбардирале Триполи и градот Таџур во близина на либиската престолнина, јавуваат либиските медиуми.
Повикувајќи се на воени извори, либиската државна телевизија јавила дека цел на нападите биле цивилни и воени објекти.
Британската агенција “Ројтерс“, повикувајќи се на извештај од телевизијата “Ал Арабија“претходно јави дека градот Таџур во близина на Триполи, исто така е цел на воздушните напади на НАТО силите.
Меѓународната воена интервенција во Либија започна на 19-ти март, во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за заштита на цивилите, а НАТО ја презеде командата на воената акција кон крајот на март.
Во еден од најсилните напади на Алијансата врз Триполи во вторникот загинаа 19, а повредени беа 150 луѓе.
Извор: Нетпрес
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma