Научници: Атлантида се наоѓа под водите во Шпанија

popara16 март, 20111min00
googlemaps_cadiz_625_screeshot

Во Грчката митологија Атлантида била остров на античката култура, за чие постоење сеуште нема цврсти докази, освен разните приказни на Платон, Според него, Атлантида била уништена од природна катастрофа како од земјотрес или поплава, а според ноеговите записи тоа се случило дури 9400 години пред раѓањето на овој филозоф. Ако се земе предвид дека Платон е роден 428 п.н.е. тогаш Атлантида ја снемало пред речиси 12.000 години.

“Тешко е да се разбере како нешто толку моќно како цунами, да го избрише осторовот од земјината топка, кој бил со големина од скоро 100 километри“, изјавил професорот Richard Freund од Универзитет во Америка. Тој заедно со неговиот тим ги проучувал саталитските снимки, површината на Земјата со длабочински радари, радио дигитално мапирање, како и користење на подводни технологии, кои му помогале да дојде до заклучоци. Сепак, митот за Атлантида и ден денеска интригира многу љубители на историјата и археологијата. Затоа тимот на професорот Freund неуморно трагале за изгубениот град и за неговите остатоци. “Откривме нешто што никој пред нас не успеал“, тоа ни дава кредибилитет и потполна смисла на нашата археолошка теорија, изјавил Freund.

Основната идеја е дека Атлантида ја погодило силно цунами, а оние кои ја преживеале таа катаклизма, се населиле по бреговите на Шпанија и граделе градови кои наликувале на оние што исчезнале. Според нив, самата Аталантида се наоѓа  негде под водите на Шпанија. Според зборовите на тимот на меѓународни научници на професорот Freund, најдени се докази за низа поврзани градови во длабочините на водите северно од градот Кадиз, а ги нарекле “спомен градови“.

Иако некои скептици тврдат дека Аталнтида е само Платонов мит и дека изгубените градови немаат врска со Аталнатида, според Платон таа се наоѓала кај Гибралтар. Населението кое живеело на островот се занимавало со земјоделство, сточарство, рударство и занаечиство. Постоеле неколку градови и три пристаништа, а владеел Атлант со помош на други 10 цареви.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag