Научниците ги читаат мислите на луѓето?

popara7 јули, 20111min00
naslovnamisli

Ова беше долго време сон, како за научниците така и за претставниците за спроведување на законот. Истражувачите кои ја следат активноста на мозкот сега ќе може да одредат што ќе направи лицето, уште пред тоа всушност да го направи.

Иако моментално можно е да се предвиди акцијата што ќе ја направи одредено лице само неколку секунди пред вистински да ја спроведе на дело, наскоро тој период ќе биде поголем.

Полицијата на пример, би сакала да знае што би направил вооружен киднапер на местото кое тие ќе го опколат, а каде ќе се наоѓа киднаперот.

“Ова е значаен чекор напред во разбирањето на човековиот мозок и како тој ги планира акциите“, изјавил раководителот на истражувањето Џејсон Галиван.

За време на едногодишното истражување, на волонтерите кои учествувале, им бил скениран мозокот и неговото функционирање, додека тие правеле едно од трите движења со раката; допирање на врвовите на различните предмети, дното на предметите или само целосно допирање на предметите.

Истражувачите со помош на сигналите од различните мозочни региони можеле да предвидат што ќе направи волонтерот.

“Невроскенирањето ни овозможува да видиме како се одвива акционото планирање во областите на човековиот мозок, без електроди инфилтрирани директно во него“, изјавила коавторката на студијата Џоди Калман.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag