Навики кои ја прават косата свиленкаста

popara16 јули, 20111min00
svilenkasta kosa

Следете ги овие совети и ќе имате прекрасна коса каква што одамна сте посакувале.

Косата е украс и начин на кој многумина не забележуваат. Кога изгледа неуредно и запоставено, луѓето што ги запознавате може погрешно да ве проценат. Еве неколку насоки кои ќе ви помогнат вашата коса да биде здрава, бујна и свиленкаста.

Мијте ја косата правилно

Иако многумина од нас, посебно во лето, секојдневно ја мијат косата, експертите инсистираат на тоа дека миење на косата еднаш во два-три дена е сосема доволно. Понекогаш, прескокнувањето на миењето и помага на косата да го задржи сјајот, бидејќи шампоните се преполни со хемикалии. Ако не можете без секојдневно миење на косата, прво нанесете регенератор, а потоа шампон само на коренот на косата. Штом ќе се направи пена, исплакнете ја цела. На овој начин кожата на скалпот ќе биде чиста, а косата посјајна бидејќи не ја малтретирате со секојднево миење.

Не користете врела вода

Миењето на косата со млака вода ги затвора површинските оштетувања на влакното, па затоа косата изгледа мазна и сјајна. Никогаш не мијте се со врела вода. Исто така, не сушете ја косата со фен на најтопло, колку и да се брзате.

Никогаш не заборавајте серум

Заборавате ли да се облечете после капење? Исто е и со серумот за коса, тој е исто како одличен мантил за дожд за вашата коса. Производите со силикон го измазнуваат оштетеното влакно и ја штитат косата од оштетување при правењето на фризури, го намалкуваат триењето и оштетувањето од топлината. Но не претерувајте со количината. Во спротивно, вашата коса ќе изгледа масно.

Секоја четка не е добра

Секое четкање и стилизирање можат да земат данок за убавината на косата, бидејќи се намалува количината на природно масло и вода во влакното, па така косата станува оштетена. Четката со пластични игли заменете ја со онаа со природни влакна, која го распоредува маслото по целата должина на косата и така го зголемуваат сјајот.

Колку поприродно, толку подобро

Производите на база на алкохол, премногу силни шампони, загаденоста и прекумерната влажност на воздухот, го одземаат природниот сјај на косата. Доколку не сте сигурни што е добро за вас, одберете детски шампон и маски кои се подготвуваат во кујна. Ако имате сува коса, инвестирајте во убав крем за коса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag