Секој од нас има денови кога неможе да ја крене главата од обврски, а последицата од сето тоа е замор и недостаток на енергија. Секогаш кога ќе почуствувате исрпеност изедете една круша. Таа содржи многу растителни влакна и низок гликемичен индекс, со што ни овозможува долготрајна енергија. Физичкиот напор исто така ќе ја зголеми вашата енергија. Брзото одење, ја забрзува работата на срцето, и испумпувањето на крвта со што ќе осетите проток на нова енергија во вашето тело. Започнете со користење на ѓумбир во исхраната. Тој е богат со ензими кои ја забрзуваат циркулацијата на крвта, го избиструва умот и ги подобрува помнењето и концентрацијата.