Сега е вистинското време да започнеме со посебна нега на кожата на грбот, бидејќи гардеробата која допрва треба да ја облечеме може да покаже некои недостатоци кои вешто ги криевме под дебелата зимска облека.
Најпрво треба да започнеме со вежби кои ќе ја затегнат мускулатурата на нашиот грб, а потоа да направиме пилинг на телото. Со пилингот ќе се отстрани дебелиот слој намтрви клетки и ќе се добие нежен и здрав изглед на кожата.
Земете две големи лажици морска сол, исто толку пченкарно брашно, една лажица мед и една жолчка. Убаво промешајте ја смесата и со помош на партнерот нанесете ја на грбот. По пилингот нанесете лосион или крем за тело. По првиот третман кој ќе го направите сами дома ќе осетите голема разлика.