УНХЦР: Косовските Срби, најбројни емигранти во сите развиени земји

28 март, 20110
kosovo_refugee
Србите од Косово, се најмногубројните емигранти во сите земји во светот, со вкупна бројка од 28.900. По нив следуваат Авганистанците, чиј број се намалува, па Кинезите, чиј број пак се зголемува, покажале податоците на Високиот секретаријат за бегалци на ООН (УНХЦР).
Бројот на лицата, кои бараат прибежиште во богатите земји во минатата година се намалил, особено во Јужна Европа, каде кандидатите од Африка и Азија се за една третина помалку.
Спорeд УНХЦР, лани, во 44 развиени држави биле поднесени 358.800 молби од беглаци, што е за околу 5 отсто помалку отколку во 2008 и 2009 година, а за околу 40 отсто помалку отколку пред 10 години.
“Светската динамика во емиграцијата се смени. Бројот на молбите во индустриско-развиените земји е многу помал, отколки пред една деценија, но во одредени, мал број, држави се зголемува од година во година. Неопходно е да ги проучиме причините длабински, за да определиме дали тој пад е поради намалувањето на причините за емиграција или пак на поригорозната контрола на земјите“, вели високиот комесар за бегалци на ООН, Антониу Гутериш.
Бројот на молбите за иселеништво во 2010 година се намалил за 33 отсто во осум средоземноморски земји: Албанија, Кипар, Грција, Италија, Малта, Португалија, Шпанија и Турција. Во Малта намалувањето е за дури 94 отсто, во Италија за 53, а во Грција за 36 отсто. Овие земји, во изминативе неколку години, воведоа големи мерки за контрола на емиграциските патишта по море.
Во истовреме, зголемен е бројот на молбите за иселеништво во Германија, за 49 отсто, во Шведска за 32, во Данска за 30 отсто, а во Австралија и во Нов Зеланд за 31 отсто. Сеуште најпосакувана десинација за иселеништво во светото се САД. Во оваа земја лани се доселиле 55.500 лица, а од нив една третна се од Кина, или за 6.500 повеќе од лани. На второ место, по Кинезите, се Мексиканците.
Втора најпосакувана дестинација е Франција, со 47.800 иселеници, или 13 отсто повеќе од 2009 година, а емигрантите се најмногу од Грузија, Бангладеш и од Хаити. Германија е на трето место со 41.300 емигранти, и тоа најмногу од Балканот.
На списокот на УНХЦР за 44 развиени земји се 27-те членки на Европската унија, плис Албанија, Австралија, Босна и Херцеговина, Канада, Хрватска, Исланд, Јапонија, Јужна Кореја, Лихтенштајн, Црна гора, Нова Зеланд, Норвешка, Србија, Швајцарија, Турција, САД и Македонија.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi