Поради долгото седење во канцеларија, стоење или чекање автобус, а исто така и со опуштена прошетка, вашите нозе се изложени на најголем притисок од сите органи. Лоша циркулација која резултира со насобирање на течности во долниот дел од нозете, сè почесто пукање на капилари и вени, стопалата заробени во обувки кои не дишат… сите тие се болести кои биле на вашите баби, но денес се и ваши. Последиците се особено изразени за време и по бременоста.
Вашите нозе ќе станат сè почувствителни со текот на времето. Ако сте пушач, сите овие симптоми се зголемуваат. Симптомите се најизразени за време на летните денови.
Како да си помогнете?
Современата жена има многу повеќе можности, ако не да спречи, барем значително да ги ублажи тие симптоми. При тоа најефиксна е превентивната нега, што подразбира постојана нега на нозете и стопалата и пред недостатоците да станат видливи и болни.
Нема нешто полошо од тоа да ги соблечете сандалите во линии и истите да се покажат врежани во ногата, отоци на зголобовите и груба кожа на петите.
Туширањето на нозете наутро и навечер наизменично со топла и ладна вода и редовна посета на масажи и педикир, сето тоа ќе им годи на вашите нозе и стопала, но често недоволно, особено ако тоа ви е дополнително време или финансиски товар.
За вени и капилари одлична превентива и помош се козметичките производи, кои со своите природни состојки ги зацврстуваат, ја подобруваат циркулацијата и го спречуваат собирањето на течности. Најдобри производи се на база на див костен и бор, со додатоци од еукалиптус, нане и лаванда, кои дополнително ќе ве опуштат.
Доколку не сакате вашите нозе да замирисаат непријатно и станат склони кон габични инфекции, а од неудобни чевли да добијат неубави кори на петите, негувајте ги наутро и навечер со некои од препаратите на база на чај, лаванда и нане, кои делуваат антибактериски и опуштаат. Секогаш се добри и балсамите кои ја омекнуваат сувата и огрубена кожа на петите.