Зелени палми, лотоси, орхидеи и магнолии во сите бои на виножитото. Смарагдно море, прекрасна плажа со златен песок, портокалово сонце и тиркизно небо. И сето тоа среде кристален мир, транспарентна тишина и романтична усамотеност. Времето застанало…
Станува збор за она катче рајска земја во срцето на индонезискиот архипелаг, за кое се тврди дека е меѓу малкуте останати земни богатства.
Некаде таму меѓу тропскиот раскош има еден луксузен спа комплекс, дело на архитекти од Хонг Конг.
Ако сакате да се насладите на ова модерно ремек дело, разгледајте ги фотографиите подолу.