Лин Стокстел од Америка во петокот во два часот по полноќ, кога се вратила од работа имала непријатно изненадување кое и го приредил нејзиниот маж. Кога влегла во спалната соба го фатила својот сопруг во кревет со друг маж.
Шокирана од она што го видела најпрво наредила и двајцата да ја напуштат куќата, но откако одбиле таа го претепала натрапникот со бејзбол палка. Веднаш по тоа пријавила во полиција дека има натрапник во својот дом, но кога полицијата дошла таа била обвинета за напад за кој би можело да добие казна затвор од две години.