Франција го казни Гугл со 100.000 евра
22 март, 20110

Француската национална комисија за слобода на информациите ја казни американската коорпорација Гугл со рекордни 100.000 евра, поради прибирање на податоци за услугата Гугл Стрит Вју (Google Street View, објави АФП, пренесува Нетпрес.

Образложението е тоа што Гугл ги фотографирал улиците на француските градови, заедно со луѓето, а без претходно да добие согласност за тоа од нив. Потоа тие фотографии станале достапни за секој корисник на Интернет. Од Гугл признале дека собирајќи податоци за Ви-Фи мрежите, имале пристап до лични податоци, пренесувани преку незаштитени канали.
Гугл Стрит Вју стартуваше во 2007 година и веднаш стана предмет на критики од страна на европските регулативни органи и организации, според кои американската компанија извршила инвазија во личниот живот на луѓето. Тогаш од Гугл создадоа можност за отстранување на фотографии, кои би можеле да предизвикаат конфликт.
Извор: Нетпрес