Радиоактивниот облак од “Фукушима 1“ пристига во Франција

22 март, 20110
1
Воздушната маса, која носи радиоактивни честички од Јапонија, по хаваријата во нуклеарката “Фукушима 1“, се очекува утре да биде на небото над Франција, но нема да претставува ризик за француските граѓани, објави Ројтерс, пренесува Нетпрес.
Според проценките, растојанието меѓу Франција и Јапонија, преку Атлантскиот и Тихиот океан, е околу 15.000 километри и ризикот од радиоактивниот облак е многу мал. Се очекува количеството на радиоактивните честички да е толку мало, што апаратите за мерење на радијација едвај ќе отчитаат некаква промена во воздухот во Франција.
Засега не се препорачуваат никакви мерки за безбедност во врска со пристигнувањето на радиоактивниот облак од Јапонија.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *