Јована извршила прељуба, го оставила Јоксимовиќ поради тајна врска со кошаркар

22 март, 20110
2
Познатата српска водителка Јована Јанковиќ, којa беше во љубовна врска со пејачот Жељко Јоксимовиќ, наводно веќе подолго време била во тајна љубовна врска со поранешен српски кошаркар, кој често престојува во Италија, пишува неофицијално денеска весникот “Курир“, пренесува Нетпрес.
Според објавеното, тригодишната врска на Јоксимовиќ и Јанковиќ заврши само еден месец откако тие направиле веридба бидејќи пејачот дознал дека неговата девојка го изневерува. Во текстот, во кој весникот се повикува на сопствен неименуван извор, се вели дека таа е многу вљубена во некогашниот српски кошаркарски репрезентативец, а бидејќи љубовта повеќе не можела да се крие, одлучила се’ да му каже на својот довчерашен вереник.
“Жељко добро знаеше дека меѓу нив не оди се’ најдобро, така да исповедта на Јована ја прифати прилично сталожено и мирно. Се разделија без караници, а тој се обиде во јавноста да ја омекне целата приказна, велејќи дека не постои трета личност. Секако, тој и тоа како добро го познава човекот кој му ја презеде љубовта“, рекол изворот на “Курир“.
Понатака весникот пишува дека кога неодамна кошаркарот престојувал во Белград, бил повеќепати виден со Јована навечер во белградскиот клуб “Синема“, а кога е во Италија, тогаш и таа е таму. Новинари на весникот минатиот петок на белградскиот аеродром “Никола Тесла“ ја виделе познатата водителка како со своја другарка чекира карта за Милано. Во текстот се наведува дека другарка и’, најверојатно и’ била камуфлажа за љубопитните.
“Со љубовникот го минала целиот викенд, а вчера попладне пристигна во Белград. За тоа време, Жељко Јоксимовиќ настапуваше по Хрватска, и имаше многу успешен концерт во Вараждин“, пишува српскиот весник.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi