Видеото кое го обиколи светот од доставувачот на Федекс како фрла Самсунг ЛЦД монитор во двор стана мета на големи критики. Федекс се смета за реномирана компанија за достава, која секогаш се грижи за безбедноста на пратките и нивно навремено доставување, но овој пат ова правилно не важеше.
На овој доставувач веројатно неславно ќе му заврши кариерата, бидејќи безгрижно го фрли мониторот во дворот каде требаше да биде доставен.
Доставувачот не ја забележал видео камерата која сето ова го снимила, а лутиот сопственик кој го нарачал мониторот го ставил видеото на интернет.
Од компанијата Федекс се уште немаат дадено изјава за невниманието на овој нивни работник.
httpv://www.youtube.com/watch?v=DhmjJCBQ-cA