Нетанјаху: На кого бе да се извинам!

5 септември, 20110
8c74e62b-0555-48b4-acef-1de0009ec962

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера потврдил дека Израел нема да и се извини на Турција за смртоносниот напад на израелските командоси на турскиот брод, кој на 31 мај минатата година ноел помош во Појасот Газа.

“Нема потреба да се извинуваме за нашите војници кои сами се заштитиле од насилничките напади на IHH активистите, и нема потреба да се извинуваме затоа што работиме за сопирањена шверцот на оружје за терористичката група Хамас”, изјавил Нетанјаху на почетокот од Владината седница.

Нетанјаху ова го изјавил, откако Турција пред два дена го протерала израелскиот амбасадор во Анкара и ги суспендирала сите воени договори меѓу овие две земји, бидејќи Израел одбива да и се извини за крвавиот напад врз бродот во кој загинаа девет Турски државјани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi