Неверојатна приказна! По 7 години се вратило девојче кое било однесено од цунами! :)

23 декември, 20110
cunami

Едно девојче за кое се верувало дека загинало по катастрофалното цунами во 2004 година во Индонезија, пронајдена е жива.

Девојчето по има Вати кое сега има 15 години, повторно е со своето семејство од кое била одвоена скоро седум години, пренесува индонезиската новинска агенција Антара.

Вати исчезнала кога имала осум години, а живеела со семејството во селото Уџонг Барох. Кога силниот земјотрес со јачина од девет степени го погоди брегот на индонезискиот остров Суматра, настана огромно цунами во кое настрадаа повеќе од 200.000 луѓе.

Мајката на девојчето Вати, се обидувала да ги спаси трите деца, но цунамито јго отфрлило девојчето од прегратките на мајката. Мајката успеала да ги спаси само двете деца, а на крај целото семејство морало да се помири со судбината и фактот дека девојчето исчезнало и веројатно загинало. Никој повеќе од соседството не ја видел Вати ни жива, ни мртва.

Но, чудо сепак се случило. Вати го преживеала цунамито и со години скитала за да го пронајде својот дом. Во средата девојчето дошло во еден кафе бар во близина на нејзиното село. Им рекла на вработените дека го бара своето семејство. Вати ја раскажала приказната, но не се сеќавала на имињата на своите најблиски, освен на својот дедо Ибрахим.

Подоцна тој ден девојчето заедно со еден од вработените од барот стигнала до куќата на својот дедо.

Откако ја видел дедото веднаш знаел дека тоа е неговата загубена внука. Веднаш биле повикани родителите на Вати кои ја препознале својата ќерка според бемка и лузна која ја имала над веѓите.

Целото семејство било пресреќно што се случило чудо и Вати повторно е дома.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi