Владимир Иностоза дваесет годишно момче од Чиле е најмладиот уметник на светот, кој со своите уметнички дела го изненади светот. Имено тој со своите тродимензионални цртежи прави прекрасни и неверојатни илузии.
Идејата за ваквите цртежи Фредо (како што младото момче сака да се нарекува), ја добил при цртање на пеперутка која во еден момент изгледала како да лебди на листот хартија. Откако дополнително со јагленче го корегирал, го фотографирал својот цртеж и го ставил на својот facebook профил. Интернет публиката била воодушевена од цртежот на младиот уметник.
По големиот успех на цртежот „пеперутка“, Фредо на својот профил додал уште многу цртежи кои пленат со својата убавина.
Во галеријата се преставени некои од цртежите на Владимир.