Тиквешкото Езеро е најголемото вештачко езеро во Македонија

17 септември, 20110
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Се наоѓа на 165 метри надморска висина на 12 километри јужно од Кавадарци. Езерото е направено во 1968 кога е изградена браната која е висока 104 метри. Површината на езерото е околу 14 квадратни километри, максималната должина му е 28,5 километри, има максимална длабочина од 150 метри и капацитет од 475 милиони метри кубни вода. Водата се употребува за наводнување и создавање на електрична енергија – хидро – системот и хидроелектричната централа „Тиквеш“ се напојуваат од водата од езерото.

 На бреговите на езерото се наоѓаат Полошкиот Манастир и црквата Свети Ѓорѓи, културен споменик кој датира од 9 век. Исто така, изградени се и голем број на викенд – куќи, а езерото е порибено со неколку видови риби, и е многу популарна дестинација за одмор и рекреација.

 Воедно Тиквешкото езеро изобилува со најразлична фауна и флора изобилие на слатководни видови на риби изобилие на птици. Варовничко геолошката подлога на крајбрежјето придонесува за богатство и од пештери  и јами. Во Тиквешкото езеро нај застапени видови на риба се:крап, сом, караш, клен, костреш. Во Тиквешкото езеро забележани се сомови со 2.5м должина и 200кг тежина. Во околината на Тиквешкото езеро на површина од 10 600 ха постои резерват именуван како строго заштитена зона на природата . На овој простор евидентирани се 131 различен вид на птици. За европската јавност примамливи се крупните грабливи птици кои спаѓаат во светски и европски реткости. На крајбрежјето на Тиквешкото езеро има 1500 викенд куќи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi