Неверојатното цвеќе и песочните теписи на La Otorava

popara8 јули, 20112min00
05 La-Orotava-flower-carpets

Во шпанскиот град La Otorava, Тенерифе, фестивалот „Corpus Christi Festival“ се слави постилаќи ги улиците со прекрасно насликани теписи направени од листови од цвеќиња и обоен песок. Таму ќе видите намиризливата уметност на изложба во светот, славењето на
„Corpus Christi“ привлекува илјади посетители од сите страни на светот кои се овде да видат што вештите „alfombras“ (мајстори за теписи) ќе измислат годинава. На Канарските острови, овој празник се слави во последните 300 години, но првата личност некогаш што почнала со креирање на цветен тепих се верува дека е Leonor de Castillo Monteverde, кој во 1847 решил дека ќе е убаво да ја декорира улицата со листови од цвеќе за процесијата да помине врз тоа. Големината на тој тепих била само 3 метри квадратни, но направила големо влијание на заедницата, и за да на крајот стане локална традиција. 164 години од тој настан, La Otrava цветот и песочните теписи само два пати не се изложиле, во 1891 и 1897.
Традицијата на правење големи теписи со листови од цвеќе и песок од планината Теиде поминаа долг пат од „сиромашните“ почетоци и стануваат се поспектакуларни од година во година.

Неколку дена пред славењето локалните фамилии, па дури и компаниите за дизајн, ги цртаат теписите на хартија, за да на големиот ден мажи и деца ги исцртуваат теписите на улиците, додека жените ги исполнуваат дизајните со најразлични листови од цвеќиња. Сиот локален народ се вклучува во ова преубаво славење и креираат вистински пријатна атмосфера.

Најимпресивниот тепиџ во целата La Otorava е тепихот кој се слика во Plaza del Ayuntamiento, на кој се сликаат три библиски сцени. Овој специјален тепих целосно е направен од обоен песок и покрива површина од 912 квадратни метри, и сцените кои се претставуваат никогаш повеќе во следните години не се повторуваат.


Оваа година славењето беше на 30-ти Јуни. Цвеќето и песочните теписи на la Otorava станаа толку популарни што најталентираните „alfombras“ патуваат до овде од секаде од светот за да ги претстават своите уникатни вештини.

http://www.youtube.com/watch?v=0_ujUIkUcWA&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma