Неверството е непријател број еден на љубовните врски

popara10 ноември, 20111min00
neverstvo

Според истражувањата, најголем број од врските и браковите во светот се разпаѓаат заради неверство. Всушност, најголем број од „случајни“ неверства прераснуваат во љубов, па оттаму произлегуваат сите проблеми.

Доколку се решите на неверство, треба да следите некои правила за да го задржите партнерот.  Доколку и се препуштите на прељубата, немојте никогаш да се заљубувате. Секако тоа е полесно да се рече отколку да се оствари, но потрудете се да ги избегнете пријатните заеднички активности како излегување во ресторани, кино, на изложби или романтични викенди. Најдобро е средбите да бидат исклучиво од физичка природа.

Важно е да бидете искрени и кон љубовникот/љубовницата и кон себе. Немојте да им давате лажна надеж дека ќе ги напуштите вашите партнери доколку тоа искрено не мислите да го направите. Исто така, најважно е да „расчистите“ со себеси за тоа што сакате од животот, од љубовта и од неверството. Внимавајте, што и да правите вие сте секогаш одговорни за своите постапки.

Прељубата е ваш слободен избор. Затоа секогаш имајте на ум дека другата страна може се да открие и да одлучи да ве напушти. Пред да се впуштите во таа возбудлива авантура добро размислете дали сте спремни својот живот да го измените од корен.

Златните правила на неверството подразбираат и дискреција. Избришете ги сите докази за неверството и никој пат никому не му се доверувајте. Што помалку луѓе знаат, тоа е подобро за психичката рамнотежа на сите главни актери во драмата. Двојниот живот кој го водите секојпат треба да остане само ваша тајна. И на крај- никојпат немојте да признаете, затоа што шансите дека ќе ви биде простено се премногу мали.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag