Невидена срамота! Монтиран документарец по нечија нарачка!!!

30 септември, 20110
dokumentarec

Документарните филмови по некое правило треба да ни ја прикажат реалноста, да ни кажат за докуменитрани настани и да не информираат. Но, популарните документарци понекогаш сакаат повеќе сензација отколку вистина на информација.

Меѓу таквите неодамна е вроен и британскиот документарец „Разоткривање“ во кој се говори за тоа како Гадафи ја финансирал IRA.

Во еден сегмент од филмор се опишува настан во кој „терористите од IRA рушат хеликоптер со помош на митралезите на Гадафи, а сето тоа го снимиле и на камера“.

Во документарецот е прикажана и „снимка“ од настанот со натпис дека станува збор за видео на IRA од 1988 година. Но, пошироката јавноста можеби останала во заблуда, но не и гејмерите, бидејќи снимката е всушност дел од позната игра наречена ARMA 2.

Откако неколку гејмери ја забележале лажната снимка, поднеле тужби против телевизиската куќа ITV,  одговорна за продукција и емитување на овој документарец. Подоцна следело извинување од портпаролот, кој нагласил дека настаните во документарецот се автентични, но дека било човечка грешка и дека при монтирањето на филмот се вметнало погрешно видео.

Оргиналниот документарец повеќе неможе да се види и да се најде, но контроверзниот сегмент можете да го погледнете во продолжение:

httpv://www.youtube.com/watch?v=p98eFvOT4DI

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *