Незадоволен муштерија фрлил молотов коктел во ресторан!? Имало малку “мевце” во јадењето!?

popara30 октомври, 20111min00
Tacos with Guacamole 500

Насилството никогаш не е решение, но ова очигледно не е го мисли еден обожавател на такос во Албани, САД. Тој одлучил да го покаже своето незадоволство поради сиромашно подготвените такос сендвичи во ресторанот за брза храна Taco Bell, така што преку прозорецот на ресторанот фрлил молотов коктел. Тој пристигнал во ресторанот околу 4 часот наутро и побарал повеќе месо во екстра-големите “chalupa” сендвичи. Кога менаџерот го одбил неговото барање, со објаснување дека ресторанот се затвора, тој одговорил: “Добро, ќе дојдам покасно малку да го редекорирам ресторанот.” Набргу после тоа, тој фрлил молотов коктел низ прозорецот на ресторанот.
Полицијата трага по сторителот, а поради слабиот квалитет на сигурносните камери било тешко да се види лицето на сторителот. Ова е втор инцидент што се случил во Taco Bell во последните два месеци. Минатиот месец, 30 годишен маж пукал во еден од вработените, бидејќи не му донел лут сос кој му го побарал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag