Актерот кој моментално снима филм во New Orleans, бил приведен и обвинет за семејно насилство врз сопругата Alice Kim според објавите на полицијата во New Orleans.
Расправијата започнала поради несогласувањето на сопругата на Nicolas Cage дека се наоѓаат пред точната адреса на нивната резиденција која ја имале изнајмено додека тој го снима филмот во New Orleans. Актерот нервозно ја грабнал сопругата и ја влечел, а потоа удирал по автомобилите кои му се нашле на патот. За среќа во близина имало полициска патрола и веднаш го уапсиле актерот. Според полицијата девојката немала видливи повреди.
Актерот бил пуштен во Сабота попладне и на 31 Мај треба да се појави на суд.