Нигерија: Убиени најмалку 25 лица во три бомбашки напади

popara27 јуни, 20111min00
Security and emergency personnel stand n
Најмалку 25 лица загинале, а 12 биле повредени во три експлозии во Маидугури на северот на Нигерија.
Бомбите, што експлодирале во пивница популарна меѓу локалните жители, најверојатно ги поставиле припадници на исламистичката секта во северна Нигерија, позната под името Боко Харам, соопштила тамошната полиција.
Групата Боко Харам, чие име буквално значи “западното образование е сквернавење“, претходно ја презела одговорноста за низа напади во северна Нигерија.
Повеќето напади биле изведени во упориштето на оваа група во Маидугури, а организацијата ја презела одговорноста и за неодамнешен напад на полициска станица во престолнината Абуџи, кога биле убиени 22 лица.
Североисточната нигериска држава Борно, во која се случил нападот, е една од десетте држави кои го почитуваат шеријатскиот закон.
Извор: Нетпресс
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag