Приказна: Како станав “проститутка на јахта“

27 јуни, 20110
282053-brothel

Имам 21 години и како повеќето студенти, се соочував со проблем од недостиг на пари. Минатата зима почнав да барам работа, но тоа не беше лесно – или не ми одговараше работното време поради часовите на факултет или платата  беше претерано мала. Тогаш наидов во весник на една исклучително привлечна реклама, во која се бараа девојки кои ќе работат хонорарно како манекенки и фотомодели во Дубаи: не беше потребно претходно искуство, годините и висината не беа предуслов. Понудата за работата изгледаше феноменално, бидејќи преку лето ќе можам да ја работам мојата работа од соништата, а притоа да добијам плата за тоа.

Отидов на кастинг во модната агенција која се наоѓаше во стан во близина на центарот на Белград. Ме прими директорот на агенцијата, средовечен г-дин Лагати и исклучително убавата асистентка Ивона која беше десет години постара од мене. Ме опсипаа со комплименти за изгледот и за мојата убавина, а самодовербата ми растеше до небото. Ми гарантираа дека со мојот шарм без никакви проблеми ќе имам многу работа, моите фотографии ќе се најдат во многу каталози, ќе учествувам на затворени модни ревии за богати клиенти, а истовремено ќе можам да биде хостеса на гламурозни забави за кои се наплаќа и по две или три илјади евра. За нив остануваше само еден мал процент од 20% за посредување. Занемев од возбуда. А, Ивона само додаде дека би можела да заработам многу повеќе ако сум паметна. За прв пат помислив дека можеби не е сé така идеално, но понесена од преубавите зборови и ветувања ја игнорирав интуиција што ја имав. Им кажав на моите родители дека преку летото ќе одам во Дубаи, како дел од програмата за размена на студенти. Лажев бидејќи ми беше страв дека нема да ми дозволат да се занимавам со манекенство. Одвај го дочекав денот на патувањето.

Г-дин Легати ме испрати на аеродромот и тоа беше последен пат кога го видов. Уште првиот ден се запознав со останатите девојки, поголемиот дел од нив беа од Источна Европа. Имаше две други девојки од Србија, кои веќе работеле во Емиратите, едната од нив ја препознав бидејќи работеше на неколку модни ревии во еден клуб во Нови Сад.

Кокаин на маса
Првите неколку дена сé беше одлично: нè носеа во луксузни хотели, каде што добивавме бесплатни пијалоци и вечери. Се чувствував како Жизел Бундхен! Една колешка на Ивона од Италија, Силвана нè одведе во козметички салони потоа во продавници каде што ни избра прилично провокативни костуми за капење, бидејќи наредниот ден требаше да одиме на снимање. Забележав дека русинката Сара и украинката Марија умираат од смеа секогаш кога Силвана ќе спомнеше снимање и ревија, иако не ми беше јасно зошто. Пред да заминеме на забавата која ја организираше богат Англичанец, Силвана, ни одржа час за убаво однесување. Таа ни објасни дека е нормално доколку седнеме во скут на богатите господа, дека треба да кокетираме и флертуваме, бидејќи така се однесуваат сите кои се дел од џет-сетот, каде сега и ние припаѓаме.

Забавата беше најлуксузна….дотогаш немав доживеано ништо слично. Во целата таа атмосфера, дури не ми е ни јасно како, но не ми беше воопшто тешко да флертувам со некој што е постар од татко ми и да поминам еден час во скутот на еден Шпанец. Сите девојки беа опуштени. Девојката од Русија страсно се бакнуваше со средовечен Американец чија што рака при крајот на забавата се најде под нејзиниот фустан. Некои од девојките шмркаа кокаин, а јас не бев изненадена и  воопшто не ми пречеше сето тоа. Само девојката од Романија, Надја почна да плаче, па Силвана ја изнесе од забавата и повеќе никогаш не ја видов. На крајот од забавата, после неколку чаши шампањско се бакнав со еден млад Германец.
Наредното утро се разбудив мамурна во хотел, а Ивона дојде да ни соопшти дека клиентот бил задоволен од сите со исклучок на Надја и затоа за два дена ќе одиме на крстарење со јахта. Бев возбудена околу мојата прва фотосесија…колку наивно од моја страна. Од толку многу богатството на сите страни јас не забележував дека влегувам во пекол.
Додека се возевме во лимузината до марината, Силвана ми објаснуваше дека не треба да се двоумам, едноставно да се опуштам и да уживам во наредните денови, дека сè ни е дозволено. Сеуште се чудам како успеа да ме убеди дека нема ништо страшно, ниту лошо ако некој сака да спие со мене, јас да му дозволам. Ми објаснуваше дека меѓу богатите и славните сексот без обврска е целосно нормална работа и дека богатите луѓе секогаш ги наградуваат своите придружнички. Некаде попатно додадена дека фотосесијата е одложена за следната недела. Не ми е јасно како не сфаќав дека ова што јас го правам претставува проституција. Мојот мозок беше исперен и само една мисла имав во глава….дека јас ќе станам наредната Синди Крафорд.

Во полусон


Јахтата беше иста како од списанијата. Испловивме пред зајдисонцето и забавата започна: базен на палуба пол со пена, неколку џакузи, шарени коктели, шампањско и јагоди, најубавата морска храна … Покрај нас девојките и членовите на екипажот имаше и петнаесет мажи, од кои дел беа од претходната забава. Испивме неколку коктели по ред….и почнавме да се смееме неконтролирано. Некои од девојките се соблекоа топлес, а јас дури се согласив да пробам “малку“ кокаин. На крајот од забавата завршив во џакузи со еден господин од Чешка, кој сигурно имаше повеќе од триесетина години. Како во полусон, се смеев, бев толку зашеметена што дозволив да имам секс со него речиси пред сите. Сите одлично се забавуваа, а во текот на наредните десет дена забавата не запре. Со господинот од Чешка поминав уште две ноќи. Бев постојано поднапиена и воопшто не обрнував внимание дека всушност околку мене нон-стоп се случуваат оргии. Спиев со уште двајца богати и убави, а едниот од нив ми поклони златна нараквица која тежеше педесет грама. Мислев дека нема ништо лошо во тоа што го правам. Се вративме во хотелот, а од Ивона добив надомест од 3.000 € и за неколку дена не чекаше ново крстарење. Тогаш се помирив со помислата дека не постои фотосесија ниту пак ревии, но тоа не ме загрижуваше воопшто. Дури помислив дека можеби ќе го сретнам човекот на мојот живот…исто како во филмот “Убава жена”. Сé додека не го доживеав бруталното будење.

На следното патување наместо Силвана претставник од агенцијата беше Џенис (од Грција) и со исклучок на девојките од Русија и Украина, останатите ми беа непознати, а сите гости имаа повеќе од педесетина години. За да бидат работите уште полоши, еден од нив беше српски бизнисмен од Белград. Сфатив дека постојат огромни шанси моите родители да дознаат со што се занимавам во Дубаи. Затоа решив да си одам од јахтата, но Џенис ме убеди да останам, објаснувајќи дека тој ќе се грижи за мене. А, јас како најголема глупача поверував….повторно. Девојките кои првпат ги видов не беа воопшто опуштени ниту среќни како моите поранешни колешки. Во очите на Албанката Назира се гледаше празнина, а девојката од Полска беше преплашена. Успевав цела вечер да го избегнувам српскиот бизнисмен, но следуваше друг шок. Му се допаднав на еден старец кој сакаше да ја поминам вечерта со него. Јасно му дадов на знаење дека не сакам. Џенис дискретно ми се приближи и ми ја стегна раката толку силно, што помислив дека ќе ми ја скрши и само ладно ми шепна дека треба да го правам сето она што ќе го побараат од мене, доколку не сакам да имам проблеми. Неговиот глас навистина ме преплаши и се согласив да има секс со валканиот старец. Но и покрај огромната количина на алкохол одвратното чувство остана врежено во мене.

Старецот ми напиша чек на 3.000 евра, кој веднаш го зеде Џенис. За разлика од мене, девојките од Украина и Русија лудо се забавуваа цело време. Кога заспаа сите, цела вечер ја поминав плачејќи. Се чувствував валкано, се мразев самата себе затоа што сфатив дека сама сум виновна за она што се случуваше. Наредниот ден, собрав храброст и му соопштив на Џенис дека веќе нема да спијам со никого на јахтата. Тогаш, го добив најсилниот и најболниот шамар, додавајќи дека ќе побара од Легати да ми го одзеде пасошот како казна за мојата непрофесионалност и дрскост. Со својот прст покажа кон девојката од Полска и Албанија, опоменувајќи ме дека не би сакала да завршам како нив две – продадена. Одвај дишев…само Бог знае низ што сé не поминав во текот на тие десет дена, на сите одвратности кои ги бараа од мене…на кои не би сакала ни да се сеќавам… Единствено ме одржуваше идеата – да се вратам во хотелската соба и да си го најдам пасошот. Имав среќа што Џенис не ме задржа, откако се вративме назад. Веднаш кога бродот го спушти сидрото во марината, истрчав во мојата хотелска соба, ги зедов парите што ги имав во сефот и веднаш отидов на аеродром каде што си купив авионска карта за Европа. Избегав, го напуштив Дубаи, оставив сé – облека, накит, пари, свесен дека успеав да избегам, а да не станам “роб“.

На родителите и пријателите не им кажав ништо. Ова е преголем срам за мене. Лажев дека всушност сум си го изгубила багажот на аеродром. Размислував дали да разговарам со некој во полицијата, но сфатив дека “модната агенција“  која ме ангажираше не постои….како да исчезна од земјата, а од Легати и Ивона немаше никаков траг – тоа веројатно не им беа ниту вистинските имиња. Не знам дали некогаш ќе успеам да го заборавам сето она што ми се случи…се обидувам да се оправдам пред самата себе – дека бев млада, наивна и измамена, но не сум сигурен дали некогаш ќе успеам да си простам за оваа глупа, непромислена, алчна постапка.

Неколку совети!

Девојките што “работат” на луксузни јахти можат да станат жртви на трговија со луѓе. Затоа како да се заштитат себе си:

1.       Вработувањето обично го прават непознати модни агенции кои нудат работа во странство. Пред да се впуштите во ваква авантура одете на интервју за работа со своите родители.

2.       Голем дел од макроата нудат привлечни и нереално високи хонорари. Затоа проверете дали компанијата на работодавецот постои на интернет. Ако неговата компанија нема добри референци на глобалната мрежа е првиот знак дека нешто не е во ред.

3.       Верувајте и на вашата интуиција и ако нешто ви изгледа сомнително или имате лошо претчувство тогаш сигурно сте во право.

4.       Ако мислите дека можете да станете жртва на проституција и трговија со луѓе мора веднаш да се јавите на соодветните власти. Подобро да проверите навреме, отколку подоцна да се покаете и да ги сносите последиците.

5.       Доколку прифатите работа во странство, инсистирајте вашиот пасош и документи да останат кај вас, а не кај вашиот работодавец. Редовен јавувајте се на вашето семејството и на пријателите и информирајте ги ако нешто ви изгледа сомнително.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *