
Никол Кидман, 43, и Кит Урбан успешно ја криеа веста сѐ до денес, кога во јавноста излезе дека тие станаа горди родители на уште едно девојче. Девојчето е родено на 28 декември, во болницата во Нешвил. Во болницата биле Никол и Кит во придружба на нивната двегодишна биолошка ќерка Сандеј Роуз да ја земат малата Фејт Маргарет. Тие ја добија Маргарет од сурогат мајка. Инаку Никол е мајка на ќерката Бела, 18, и Конор, 15, од нејзиниот претходен брак со Том Круз.