
Сексот за мене е неодвоив дел од љубовниот живот, и јас сум многу задоволна од својот љубовен живот.
Од ружа, не гледам олтар!
Сеуште немаме идеја за влегувањето во брак и се уште сме далеку од некој предвиден датум, вели една од најсексите презентерки на Балканот – Николина Пишек. Таа зборува за нејзиниот однос со српскиот бизнисмен Матијас Чоркович. Пишек додава дека нејзиниот избраник ќе мора изненадно да ја однесе пред матично и така тоа да биде свршен чин.
– Колку што идејата за брак беше примамлива, неверојатно се сомневам дека дека некогаш ќе организирам голема прослава со целиот придружен фолклор – музичари, колони автомобили, труби, пукање во воздух, роднини кои за прв пат ќе ги видам. Желбата веднаш ми поминува.
* Дали некој од семејството ви замерува што сте во врска Србин?
– Дали истото прашање би ми го поставиле, на пример, са сум во врска со Германец? Луѓето се луѓе за мене, без оглед на националноста. Тоа звучи како клише, но јас сум воспитана дека луѓето можат да се разликуваат во тоа дали се добри или не. Ако некој истакне такво нешто во себе како проблем, тој во себе потиснува некој гнев и предрасуди кои мора сам со себе да ги реши.
* Дали сте задоволни со сексуалниот живот?
– Сексуалноста е за мене неодвоив дел од љубовниот живот. Ниту едното ни другото не може да опстане на подолг период ако се игнорираат, а во мојот случај, никој не може да преживее како независен ентитет. Се надевам дека од овој одговор нема да го формирате насловот, хе-хе!
* Дали користите играчки?
– Се разбира! Без машина за перење, фен, миксери, правосмукалки, машини за миење садови, не можам да си го замислам љубовниот живот. Сериозно!
* Дали сте егзибициониста?
– Очигледно, да, инаку никогаш не би се нашла во ваква компромитирачка ситуација. Мислам дека секој кој е вклучен во јавни работи нема потреба да биде егзибиционист во приватниот живот, бидејќи секој ден се чувствува доволно гол и изложен. Па, еве јавно дискутираме за мојот интимен живот! Дали мислите дека по ова имам потреба да се соблечам и да застанам на мојот балкон?
* Дали им завидувате на колешките заради нивната совршена линија?
– Тајно им завидувам на многу од нив. Тревата е секогаш позелена во туѓиот двор!
* Кога ќе ја снимите првата емисија за ТВ Пинк?
– Следната недела снимаме, затоа и малку се дотеруваме и се надевам дека ќе бидеме подготвени за емитување. Прилично е важно добро да се синхронизираме, бидејќи јас сум сепак 400 километри далеку од студиото и со екипата и сценаристите да се договараме за сè, по пошта и телефон.
Не зборувам за силиконите!
* Се збори по чаршијата дека сте ги оперирале градите. Дали ги менувавте постоечките силикони?
– Интересни озборувања! Ти рече на постојните? Па, јас нема да одговорам ништо, но потрудете се и прокопајте по моите слики во времето кога сè уште бев малолетна и сакав да биде модел. Споредете ги и кажете ми дали имам силикони. Интересно е како сите си земаат за право да допрат до нечија интимност и да поставувват прашања за операција. Дали вие, мене, би ми одговориле јавно, како беше на вашиот последен преглед на простатата?
Митровиќ клиентите колку што е потребно
* Дали ќе го повикате Жељко Митровиќ во емисијата?
– Ако некогаш се појави потреба, зошто да не? За разлика од шоуто на Огњен, се надевам дека ќе се види дека моето го работат претежно женски членови на екипажот, предводени од некои женски сензибилитет и со поинаков поглед за оваа тема. Ако помислиме дека нашиот гостин ќе ни даде одговори на некои прашања што не интересираат, тој ќе биде повеќе од добредојден, се разбира, без “дипломатски имунитет”.