На Nokia World, годишниот настан за клиенти, партнери и девелопери на компанијата, конечно беа претставени моделите на мобилни телефони за кои на интернет се шпекулира веќе подолго време. Станува збор за моделите Nokia Lumia 800 и Nokia Lumia 710, кои претставуваат нов почеток за оваа компанија која се здружи со Microsoft, со цел да го превземе делот од пазарот кој денес го владеат iOS на Apple, и Android на Google.
Nokia Lumia 800 доаѓа во 3 бои (тиркизна, магента и црна). Има оперативен систем Windows Phone 7,5 (Mango). Има Clear Black, 3,7 инчен, АMOLED екран и 1,4 гигахерци процесор со хардверска акцелерација и гравички процесор. Овој модел е опремен со Carl Zeiss оптика, може да репродуцира HD видео, има 16 гигабајти внатрешна мерморија и 25 гигабајти SkyDrive за фотографии и музика. Очекуваната цена без данок и други давачки е 420 Евра.
Вториот модел, Nokia Lumia 710 е направена поедноставно. Може да се менуваат маски во различни бои. Со истите перформанси како и Nokia Lumia 710, исто така дава високи перформанси, но за нешто поприфатлива цена од 270 Евра.
И двата телефони се опремени со составот Nokia Drive кој овозможува гласовна навигација и посебен интерфејс за користење во автомобил. Тука е и Nokia Music која ја овозможува MixRadio апликацијата, која е бесплатна апликација за мобилен streaming на музика, со стотина канали на локално пуштана музика. Во Nokia Music е интегрирана и Gigfinder, услуга која овозможува да пребарувате локални коцнерти, а тука е и можноста да ги споделите своите пронајдоци на социјалните мрежи и да купите карти за концерт.