Финската компанија Нокиа соопштила дека ќе скрати 4.000 работни места ширум светот до наредната година, во рамки на напорите на компанијата да ги намали трошоците.
Најголемиот светски произведувач на мобилни телефони наведува дека отпуштањето на вработени ќе биде најголемо во Данска, Финска и Велика Британија.
Нокиа истовремено повикала илјада вработени во повеќе фински градови на состанок околу стратегијата на компанијата која започнува ново партнерство со американски Мајкрософт.
Извор: Нетпрес